понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Товарно возило удри во тротинет, тешко повреден скопјанец

Товарно возило удри во тротинет, тешко повреден скопјанец

На 23.06.2023 во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, товарно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(36) удрило во тротинет управуван од И.Д.(35), двајцата од Скопје, информира МВР.

Во несреќата И.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.