вторник, 26. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Товарно возило удри во жена во Велес

Товарно возило удри во жена во Велес

На 18.02.2022 околу 10.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на плоштад „Којник“ во Велес, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(42) од с.Грчец, скопско, удрило во М.Н.(76) од Велес, информира МВР.

М.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница – Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.