вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија во прилепско: 18 годишна девојка го загуби животот, тешко повредени двајца нејзини врсници

На 28.08.2023 во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана“ во с.Долнени, прилепско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот.

-Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и другата сопатничка Б.С.(18) од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.