недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тракторист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Тракторист тешко повреден во сообраќајна несреќа
илустрација

На 23.12.2019 во 17.30 часот било пријавено дека на регионален пат на мостот на реката Вардар, во близина на с.Удово, патничко возило „мерцедес Е270“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од с.Миравци удрило во трактор „ИМТ 533“, управуван од С.Р.(55) од с.Давидово, информираат од МВР.

Во незгодата С.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Гевгелија за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициската станица Валандово.