Нема повредени во сообраќајната незгода што се случи во 11:25 часот на патот Прилеп – Градско кај месноста Ленишки Мост.
Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова до несреќата дошло при судир на три возила, опел фронтера со велешки регистарски таблички, товарно моторно возило со прилепски и шкода октавија со странски регистарски таблички.
Повредени нема, но е причинета материјачна штета, вели Стаматова.
Увид на местото на несреќата направи полицијата. Причините се уште се непознати.
Сообрќајот што беше во прекин на магистралниот пат е нормализиран.