среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тринаесет упатени на вонреден технички преглед: 38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Тринаесет упатени на вонреден технички преглед: 38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Денеска (22.02.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 38 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, велат од МВР.