среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка кај „Блато“, ова се деталите

Тројца повредени во сообраќајка кај „Блато“, ова се деталите

На 14.07.2022 во 16.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека кај место викано „Блато“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од с.Радолишта, струшко и патничко моторно возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Л.(33) од с.Калишта, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ М.Х.(28) од с.Радолишта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.