Денеска (03.02.2023) околу 07.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Градско – Велес, С.А.(58) од Велес, управувајќи патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот.
-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците У.Б.К.(45) од Велес и С.Ч.(39) од с.Виничани, општина Градско, констатирани во болницата во Велес, информира МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес.