четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Удрил со мотор во куќа, па си отишол – во болница му констатирале тешки повреди

Удрил со мотор во куќа, па си отишол – во болница му констатирале тешки повреди

На 17.05.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница на ул.„Ленинова“ со ул. „Даме Груев“ во Неготино, В.К.(33) од Неготино управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа, по што го напуштил местото.

По несреќата, во болницата во Неготино на В.К. му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.