На 04.02.2021 година во 00.30 часот, по претходна пријава дека угостителски објект во село Црешево, скопско работи по 21,00 часот, од страна на полициски службеници извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на Д.П.(56) од Куманово и констатирано е дека во локалот се наоѓаат осум лица на возраст од 22 до 65 години од Скопје, Куманово и Струмица.
Лицата се приведени. По насоки на Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.