СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Б.(24) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „силување“.
Имено, на 13.01.2023 во 20:45 часот пријавениот В.Б. со употреба на сила извршил обљуба врз 22-годишна девојка од Скопје.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти, Единица за насилен криминал при СВР Скопје.
В.Б. е приведен и против него до надлежното обвинителство е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор од 30 дена.