недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велешанец со автомобилот излетал од патот – веднаш бил пренесен во болница во Скопје

Велешанец со автомобилот излетал од патот – веднаш бил пренесен во болница во Скопје

На 29.04.2023 во 11.20 часот на ул.„1“ во с.Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Л.(36) од Велес, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.Л. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.