среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во Битола

Велосипедист тешко повреден во Битола
илустрација

На 24.02.2022 во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница помеѓу ул.„Крушево“ и ул.„Питу Гули“ во Битола, патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од М.И.(62) од Битола, удрило во велосипед управуван од С.С.(52) од Битола, информира МВР.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од екипа СВР Битола.