петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Велосипедист тешко повреден во Чаир

Велосипедист тешко повреден во Чаир
илустрација

На 30.06.2022 во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Исмаил Ќемали“ во Скопје, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(63) од Скопје, удрило во велосипедист В.Ж.(20) од Скопје, информира МВР.

По несреќата, В.Ж. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Нау Охридски“ – Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.