На 13.08.2020 година во 07.25 часот, на ул.„15 Корпус“ во Охрид патничко возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Ж.К.(23), од охридското село Лескоец, удрило во велосипед „VILLIGER“, управуван од Ж.Т.(76) од Охрид.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид бил извршен.