Две лица се повредени откако камион се преврте утринава на автопатот Тетово-Скопје.
Од СВР Тетово за Курир ја потврдуваат несреќата истакнувајќи дека истата се случила околу 6:30 часот утрово во близина на Добарскиот натпатник.
-Товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки се превртело на десната коловозна лента при што повредени се возачот Ф.А. (48) од Порој и сопатникот Б.З. (29) од тетовското село Селце, информира за КУРИР портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Повредените лица се пренесени во тетовската болница за укажување на лекарска помош, а екипи од СВР Тетово извршиле увид на местото на несреќата.