сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ВКУПНО ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ: Тешко повредени двајца малолетници, едниот бил возач

ВКУПНО ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ: Тешко повредени двајца малолетници, едниот бил возач

Сообраќајна несреќа вчера се случи на локалниот пат Куманово – село Романовце кај месноста „Мачја глава“, соопшти денеска МВР. Во несреќата учествувале два автомобила. Повредени се двајца малолетници од кои едниот возач, другиот совозач и уште две лица.

– Во 16.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат Куманово – село Романовце, кај местото „Мачја глава“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Куманово и патничко возило „бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од А.Д.(29) од кумановското село Романовце. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“ и друг малолетен сопатник во истото возило, додека со телесни повреди се здобиле А.Д. и С.Б.(39) од Куманово, совозач во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Куманово-соопшти МВР.

Увид на местото на сообраќајната несреќа извршиле екипа на СВР Куманово и јавен обвинител.