петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Во домот му пронашле 5 куршуми, полицијата му поднесе кривична

Во домот му пронашле 5 куршуми, полицијата му поднесе кривична

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М. (33) од с. Долно Јаболчиште, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На 04.03.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле пет куршуми со калибар 12 мм.