понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач (75) тешко повреден откако излетал од пат со автомобилот

Возач (75) тешко повреден откако излетал од пат со автомобилот
илустрација

На 28.08.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат од село Ињево кон село Дедино, радовишко, В.К.(75) од Радовиш управувајќи патничко возило „хјундаи“ со радовишки регистерски ознаки излетал надвор од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.К., констатирани во Медицински центар Штип.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.