понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач на мопед со тешки повреди пренесен во Ургентен

Возач на мопед со тешки повреди пренесен во Ургентен
илустрација

Триесет и осум годишниот охриѓанец Ј.К. се здобил во тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 14 часот се случила на ул.„Тодор  Александров“ во Скопје.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Рено “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П (66) од Скопје  и мопед „Јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.К(38) од Охрид. Возачот на мопедот Ј.К. со возило на Итна медицинска помош  бил пренесен во Ургентен центар -Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.