среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Скопје
илустрација

На 18.07.2023 во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„8 Септември“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Е.О.(29) од Скопје и мопед управуван од Д.Х.(53) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.