сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден, излетал од пат кај Пештани

Возач тешко повреден, излетал од пат кај Пештани

На 22.08.2020 во 19.30 часот на регионалниот пат Св.Наум – Охрид, на излезот од селото Пештани, патничко возило „Опел Астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.С.(31) од Охрид, изгубило контрола и се превртело, информираат од МВР.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.