Едно лице е тешко повредено откако автомобил „Форд“ излетал од пат.
Несреќата се случила вчера околу 06,50 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, на место викано „Солак“.
-В.Ѓ.(44) од с.Соколарци-О.Чешиново управувајќи патничко моторно возило “Форд“ со кочански регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршла увидна екипа од СВР-Штип.