петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден, излетал од патот Охрид-Кичево

Возач тешко повреден, излетал од патот Охрид-Кичево
илустрација

На 13.08.2023 во 22.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека И.С.(60) од општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки на патот Охрид-Кичево, изгубил контрола и излетал од патот, информира МВР.

Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Ерамо“ во Охрид.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.