петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден, излетал од улица во Прилеп

Возач тешко повреден, излетал од улица во Прилеп

На 20.08.2020 во 20.15 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Карпалак“, патничко возило „крајслер неон“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од  И.М.(41) од Гостивар, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.