четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден, излетал со автомобилот во крушевско

Возач тешко повреден, излетал со автомобилот во крушевско
илустрација

На 12.02.2023 во 00.24 часот во СВР Битола е пријавено дека на пат од с.Вашарејца и с.Бучин, во близина на крстосницата кај с.Свето Тодори, В.Б.(30) од с.Врбоец, крушевско, кој управувал патничко возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Б., констатирани Клиничката болница Битола.

За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.