На 29.06.2023 во 09.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид после с.Врбајни патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(58) од Кичево, излетало од коловозот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.