сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден откако излетал со автомобилот од пат

Возач тешко повреден откако излетал со автомобилот од пат

На 11.12.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на место викано „Чешме маале“ на регионален пат планина Плачковица – Радовиш, Ј.З.(60) од Радовиш управувајќи патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Полициски екипи извршиле увид на местото.