четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден откако со автомобилот излетал од пат

Возач тешко повреден откако со автомобилот излетал од пат

На 05.12.2020 во  00.45 часот било пријавено дека  на регионален пат во близина на место викано „Древенски мост“, атар на с.Древено, пробиштипско, патничко возило „фолксваген пасат“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.К.(30) од Пробиштип излетало од патот, информира МВР.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.