вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден по судир со товарно возило

Возач тешко повреден по судир со товарно возило

На 16.07.2021 во 02.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистарален пат А-3, на патниот правец Македонска Каменица – Делчево во Македонска Каменица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.С.(42) од Велес и патничко возило „нисан“, со цол таблички, управувано од Д.С.(35) од с.Звегор, делчевско, информира МВР.

По незгодата Д.С. е пренесен во Клинички центар Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.