четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден, удрил во ограда во Лисиче

Возач тешко повреден, удрил во ограда во Лисиче

На 17.11.2022 во 04.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од с.Долно Лисиче, удрило во ограда, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.