сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возач тешко повреден во Битола

Возач тешко повреден во Битола

На 30.12.2020 во 13.25 часот било пријавено дека на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „бмв 525“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(63) од с.Рамна, удрило во паркирано патничко возило „мицубиши“, со битолски регистарски ознаки, велат од МВР.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.