сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Возачи повредени во сообраќајка на патот Радовиш-Штип

Возачи повредени во сообраќајка на патот Радовиш-Штип

На магистрален пат Радовиш-Штип синоќа околу 2 часот се случила сообраќајна незгода  помеѓу патничко моторно возило „ауди А4“ со штипски регистарски ознаки управувано од Ј.Д.(58) од Штип и патничко моторно возило „бмв Х5“ со бугарски национални ознаки управувано од А.А.(42) од Струмица.

-По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на Ј.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди, додека на А.А. му биле констатирани повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.