недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Возачи повредени во тешка сообраќајка во Скопје

Возачи повредени во тешка сообраќајка во Скопје

Сообраќајна незгода во која повредени се двајца возачи се случила вчера околу 22:50 часот на улицата „Благоја Паровиќ“.

-Несреќата се случила помеѓу „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано А.Ч.(18) од Скопје и „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(47) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А., а со телесни повреди се здобил А.Ч., по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.