четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Возило удрило пешаци на паркинг, едно лице со тешки повреди

Возило удрило пешаци на паркинг, едно лице со тешки повреди

Утрово дошло до тешка сообраќајка во Кавадарци, откако автомобил марка голф удрил во двајца пешаци на возраст од 23 и 24 години.

-Синоќа во 04.20 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Цветан Димов“ во Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.А.(51) од с.Ваташа, кавадаречко, удрило во Ќ.И.(23) од Кавадарци и К.Б.(24) од с.Ваташа. Во несреќата со тешка телесна повреда се здобил Ќ.И., а со телесна повреда се здобила К.Б., констатирани во болницата во Кавадарци, се вели во полицискиот билтен.