недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Заради нерасчистени семејни односи: Групна тепачка во кафеана во Сарај, се пресметале деветмина скопјани

Заради нерасчистени семејни односи: Групна тепачка во кафеана во Сарај, се пресметале деветмина скопјани
фото-илустрација

Во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во угостителски објект во село Сарај, скопско нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Х.О. (53), Х.Ф. (56), Н.А. (46), А.Л. (49) и 17 годишно лице од една страна и лицата Б.В. (33), Б.Т.К. (26), К.А. (26) и В.Ф. (21) од другата страна, инаку сите од Скопје.

Причина за тепачката била нерасчистени семејни односи и меѓусебно нетрпение.

На лицата во Полициско одделение Сарај им биле изготвени записници за констатиран прекршок.