вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Земал капар за да изработи стаклена ограда и го снемало – поднесена кривична пријава против 32. годишник од Тетово

Земал капар за да изработи стаклена ограда и го снемало – поднесена кривична пријава против 32. годишник од Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.

На 28.05.2021, Р.Х.(42) од с.Доброште, тетовско, со привремена работа надвор од Република Македонија, преку социјалните мрежи се договорил со пријавениот, сопственик на браварска фирма, за сума од 1600 евра да му изработи и монтира стаклена ограда за скалите во куќата, по што братот на Р.Х. му дал капар на А.Х.. До 30.06.2021, пријавениот не се јавувал на телефон, не ја завршил работата, ниту пак му ги вратил парите кои му биле дадени како капар.