Жена се здобила со тешки повреди откако вчера била удрена од автомобил на пешачки премин на ул.„Васил Главинов“ во Штип.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила во 08.05 часот кога автомобил „Опел кадет’’, со штипски регистарски ознаки, управувано од З.Е.(55) од Штип, удрило во пешакот Е.К.(43) од Штип.
-Во незгодата, Е.К. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Штип за укажување лекарска помош, информираат од МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.