понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена од Дебар си доби кривична: Фрлила плинска боца од балкон на паркинг- се запалил автомобил!

Жена од Дебар си доби кривична: Фрлила плинска боца од балкон на паркинг- се запалил автомобил!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.Б.(70) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

На 20.08.2022 во Дебар, пријавената запалила плинска боца на балконот од својот дом при што се запалиле алишта кои биле на балконот, по што таа ја фрлила боцата на паркингот и предизвикала пожар во паркирано патничко возило.