среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена повредена во сообраќајка во делчевско, пренесена во Клинички центар

Жена повредена во сообраќајка во делчевско, пренесена во Клинички центар

На 19.09.2020 во 13.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница кај с.Тработилиште, делчевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.П.К.(41) и патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(82), и двајцата од Пехчево.

-По незгодата, сопатничката од патничкото возило „пежо“, Г.Д.(54) од Пехчево била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош, истакнуваат од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Делчево.