сабота, 13. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жена позитивна на коронавирус си шетала низ гостиварско

Жена позитивна на коронавирус си шетала низ гостиварско

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Ј.(34) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 15.08.2021, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола, но пријавената не била затекната во својот дом и покрај тоа што била потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за изолација и домашно лекување.