Сообраќајна несреќа во која жена е тешко повредена се случила вчера околу 19:50 часот на улицата „Лука Геров“ во Скопје.
Автомобил „Пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(29) од Скопје, удрило во пешак Т.С.(48) од Скопје.
-Во незгодата, Т.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.