Скопјанката Т.Ш. (43) се здобила со тешки повреди откако вчера вечера била удрена од автомобил „Дачиа Логан“ кој го управувал 44-годишната М.С.
Несреќата, како што информираат од МВР, се случила на улицата „Мајски манифест“.
-Т.Ш. со возило на Итна медицисна помош е пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде и се констатирани тешки телесни повреди и надвор од животна опасност е задржана на понатамошно лекување, информираат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот.