четврток, 11. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жена прегазена во Неготино, се здобила со тешки повреди

Жена прегазена во Неготино, се здобила со тешки повреди

На 22.10.2021 во 08.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на ул.„Пешо Самарџиев“ во Неготино, патничко возило „ауди А6“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(44) од Неготино, удрило во пешакот М.Ј.(63) од Неготино, информира МВР.

Во несреќата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Неготино.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.