вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена прегазена во Велес, со тешки повреди пренесена во болница

Жена прегазена во Велес, со тешки повреди пренесена во болница

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 12:30 часот на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Како што информираат од полицијата несреќата се случила кога мопед „Томос“ со велешки регистерски таблици управувано од З.Д.(30) удрил во пешакот У.В.(68) од Велес.

-Во незгодата У.В. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена и задржана на лекување во Општата болница во Велес, информираат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен е увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.