На 18.11.2021 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(56) од Скопје, удрило во пешакот Ј.Д.(64) од Скопје, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.