понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена откако ја удрил автомобил

Жена тешко повредена откако ја удрил автомобил

На 21.11.2022 во 17.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек на улиците „Илинденска“ и „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот тетовец А.Б., удрило во А.И.(55), исто така, од Тетово.

-Во несреќата, А.И. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информира МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.