Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера на улицата „Радован Цониќ“ во Тетово.
-Околу 15 часот, патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 24-годишниот тетовец Ф.Д, удрило во 43-годишната Џ.С. ( пешак ) од кичевското село Стрелци,м информираат од МВР.
Џ.С. задобила тешки телесни повреди и пренесена е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.