четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена по удар од автомобил

Жена тешко повредена по удар од автомобил

Жена се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил.

Несреќата, информира МВР, се случила вчера во 17.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија.

-Патничко возило „санг јонг корандо“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(70), удрило во пешакот С.К.(53), двајцата од Гевгелија. Во несреќата С.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Струмица, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.