вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена тешко повредена во сообраќајка на автопатот Скопје–Неготино

Жена тешко повредена во сообраќајка на автопатот Скопје–Неготино

На 16.08.2022 во 19.20 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Неготино, после клучка Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(53) од Валандово и товарно возило „рено“, со полски национални ознаки, управувано од З.Р.(49) од Полска, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Општата болница во Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.